Monday, April 18, 2016

Плоштина на круг, кружен исечок и кружен прстен

Плоштина на круг

За да ја изведеме формулата за плоштина на круг, ќе ја користиме формулата за периметар на круг, која претходно ја изучивме.
Slika261
Ако круг со произволен радиус го поделиме на неколку исечоци и потоа ги одмотаме исечоците така што да бидат во една линија со врвовите нагоре, ќе добиеме нешто слично како на следниот цртеж.
Slika262
Висината на исечоците е еднаква на радиусот r, а должината е еднаква на периметарот на кругот. Сега половина од исечоците ќе ги свртиме со врвовите надолу и ќе ги ставиме врз другата половина, така што ќе се вклопат. 
Slika263
Сега кругот изгледа како паралелограм. Плоштината на тој паралелограм e:
Formula773


 Анимација која ни помага да дојдеме до формулата за плоштина на круг



Како ќе пресметаме плоштина на кружен исечок?





Ако кругот е поделен на 360 кружни исечоци, секој со централен агол од 1. 

Плоштината на еден таков кружен исечок е 360- ти дел од плоштината на кругот, т.е. 


Ако централниот агол е а, тогаш кружниот исечок ќе има плоштина:



Ако нацртаме два концентрични круга со радиус r и R и ја пресметаме разликата на нивните плоштини, ќе ја добиеме плоштината на кружниот прстен (обоениот дел на цртежот).







За почеток...

На овој блог ќе најдете материјали за наставата по математика во VIII одделение.